СЕРИЈА А 2019/20

По три голови поништени од ВАР, Несторовски се освети

Македонскиот напаѓач конечно се израдува на гол во дресот на Удинезе и при прославата си играше мајташ со ВАР откако претходно сезонава три голови му беа поништувани.

Илија Несторовски синоќа на гости кај Сампдорија го постигна првиот гол во Серија А во дресот на својот нов клуб, Удинезе.

Но, натпреварот не почна добро за него. Уште во третата минута со глава ја затресе домашната мрежа само за потоа голот да му биде поништен по реакција на ВАР. Несторовски за малку беше во недозволена позиција, доволно за ВАР по третпат сезонава да му поништи гол првично признат од главниот судија.

На неговиот малер конечно му дојде крај во 29-тата минута кога ни ВАР не можеше да му најде мана на неговиот гол. Илија Несторовски конечно се израдува на гол во дресот на клубот од Удине. При прослават на истиот, нашиот голгетер реши да си игра мајтап со ВАР и со рацете имитираше судија како покажува дека ќе оди да провери на монитор. Сето тоа проследено со гримаса. После три поништени голови, јасна е фрустрацијата на Илија.

Удинезе сепак го загуби натпреварот откако Сампдорија направи пресврт, но важно за нас е дека нашиот репрезентативец го скрши малерот наречен ВАР. Несторовски играше до 53-тата минута кога беше заменет со дефанзивецот Хиде тер Авест и поради црвениот картон на неговиот соиграч Мато Јајало.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе