По вчерашните немири, денеска во Косово е мирно

На северот на Косово утрово е мирно, по вчерашните немири.

До немири дојде кога граѓаните се обиделе да го спречат упадот на косовската полиција во општинските згради во Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, пишува B92.

Од синоќа во седиштето на сите четири општини со мнозинско српско население на северот на Косово се наоѓаат припадниците на полицијата и специјалните единици.

Полицијата е распоредена и околу општинските згради, како и возила за разбивање на демонстрации.

Патиштата на север од покраината се проодни, како и административните премини кон централна Србија, па сообраќајот се одвива нормално.

Во петокот, откако граѓаните на северно Косово и Метохија се обидоа да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до конфликт, во кој полицијата употреби солзавец, чад и шок бомби.

Во таа прилика беа повредени неколку Срби, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив ги внесе градоначалниците Албанци, пишува B92.

Насилниот влез на полицајци во општинските згради го осудија земјите од Квинтата, Европската Унија, КФОР и ЕУЛЕКС, барајќи итен прекин на насилните акции на Приштина. Особено остри осуди доаѓаат од Соединетите Американски Држави.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе