Македонија

По жалбените одлуки од судот ќе се знае кога Груевски ќе оди во затвор

8. ноември 2018 - 16:16 | МИА
Скопје, 8 ноември 2018 (МИА) – Сите жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот на поранешниот премиер Никола Груевски се пристигнати во судот, потврдија од Кривичениот суд за МИА.

Од судот информираат дека од утре тече рокот од три дена во кои Кривичниот совет треба да донсе одлука по жалбите.

Груевски денеска требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“. Вчера собраниската Комисија за мандатно и деловнички прашања, по барање на судот, препорача да му биде одземен мандатот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Конечната одлука за неговиот имунитет треба да ја донесат пратениците на утрешната пленарна седница. За да му биде одземен имунитетот, неопходно е за тоа да се изјаснат две третини од вкупниот број на пратеници.

Груевски беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот вреден 600 илјади евра. 

Коментирај