Побаран притвор за шест од седумте сослушани кои утринава беа приведени од МВР

Скопје, 28 јуни 2019 (МИА) – Од сослушаните седум осомничени за злоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата кои утрово беа уапсени со уште четворица, за шест е побарано притвор, а за еден мерки на претпазливост, информираше денеска пред Кривичниот суд обвинителката Ивана Трајчева каде во моментов трае распит на десетте лица кај судија по претходна постапка.

Обвинителката појасни дека станува збор за отуѓување и склучување на договори за отуѓување на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија кои понатаму во кои договори се предвидени договорни обврски по однос на неипсолнување на обврските од страна на изведувачот, но  тие обврски понатаму не се испочитувани и бил предвиден товарот да се обезбеди како што се прави во секој договор.

-Таквото нешто е прикриено, реалните товари не се прикажани во актите при што е насена штета на Република Македонија и не е применето кон еднострано раскинување на договорите и земјиштето и не е вратено во сопственост на Република Северна Македонија, истакна Трајчева.

На обвинувањата на опозицијата, обвинителката рече дека не се согласува дека станува збор за толкување на одредби кога во случајот има конкретни договорни обврски пропишани во договорот со конкретни рокови кои треба да се испочитуваат.

-Во случај кога имате рокови што се пропишани тука не може да се зборува за толкување, туку можеме само да зборуваме за почитување на тие рокови и што станува во случај и кога тие не се испочитувани. Впрочем договорот го склучуваат две страни, се потпишуваат на истите што значи израз на добра волја и се согласиле на она што е потпишано во самиот договор, појасни Трајчева.

Информира дека утрово даден е предлог за привремено обезбедување на имотно правното побарување. Предложено е да се замрзнат односно да не се отуѓуваат предметните земјишта кои се предмет на оваа постапка за кои се смета дека е неосновано стекнат од страна на осомничените лица. Сите четири локации во предметот се продадени за изградба на хотелски комплекс и тоа стои во секој од договорите. Една од локациите е позната како „Шпанските скали“.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе