Побарана измена на обвинението за нападот врз Села, на еден од обвинетите му се слоши

Скопје, 6 јуни 2018 (МИА) - Денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 е прекинато откако му се слоши на еден од обвинетите Александар Јаневски - Тошта, кој падна во судницата.

Обвинителот Дарко Јакимовски, на почетокот на расправата рече дека се утврдени нови елементи со изнесувањето на новите докази на претходното рочиште, и затоа се предлага измена на обвинителниот акт. Според изменетото обвинение, седум лица се товарат за обид на убиство на Села, двејца за насилство, а за едно лице Сашо Сенков обвинението се повлекува.

Обвинителството од новата снимка утврдило сосема поинаква слика за дејствијата на Сенков во однос на Села. Нема други докази дека тој презел какви било дејствија против пратениците. Неговото однесување на снимката покажало дека тој презел заштитничко дејствување кон оштетениот Села.

Надлежниот обвинител оцени и дека за двајца од обвинетите, Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски, состојбата исто така е променета и во нивните дејствија не се содржани елементите на кривичното дело поради што е доставена измена на обвинението за овие лица, и тие ќе се гонат за насилство, а не за обид за убиство.

Постапката против останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов, продолжува без измени во обвинителниот акт и тие се товарат за обид за убиство.

Судечкиот совет веднаш донесе одлука да се запре постапката против Сашко Сенков.

На измените во обвинителниот акт реагираше Јаневски - Тошта, кој стана и праша зошто и кој го мести за убиство. По предупредувањето од судијата да се смири, на Јаневски му се слоши и падна во судницата, а рочиштето беше прекинато.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more
 

Вести

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе