Победа над Бугарија не е само за гордост: Како зависат ЕУРО 2024 квалификациите?

Филип Здравески
/ 26.09.2022 / 10:59

Вечерва репрезентацијата на Македонија на домашен терен ја пречекува Бугарија, натпревар кој е крајно исполитизиран и многу веројатно да се игра пред полни трибини, но вечерашниот резултат од фудбалска смисла е многу поважен поради наредниот циклус квалификации.

Откако УЕФА одлучи барабаните за квалификациите за ЕУРО 2024, кое ќе се одржи во Германија, да ги прави согласно пласманот на репрезентациите во овој циклус на Лигата на нации, секој освоен бод е важен, а важно е и на кое место во групата ќе се заврши.

Нема потреба да појаснуваме колку вечерашниот натпревар против соседна Бугарија е важен. Играме со земја која е крајно непријателски настроена кон македонскиот народ и кон македонската држава, земја која прво нѐ натера да потпишеме Договор за пријателство, ама договор според кој излезе дека пријатели треба да бидеме само ние, земја која на македонското малцинство во Пиринска Македонија не му ги овозможува основните човекови права согласно евролските закони, а внимавајте, членка е на ЕУ, земја која упорно тврди дека сме биле еден народ, а јазикот ни бил дијалект на бугарскиот, што нема никаква смисла бидејќи кога Бугарите дошле на Балканов од Централна Азија говореле туркиски јазик кој нема допирна точка со старословенскиот кој тогап се говорел низ поголемиот дел на Балканот.

Измислените и багателни тврдења на Бугарите, како и нивната блокада на преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ, се причина што денес, на денот на натпреварот, карти речиси веќе и да нема за истиот. Македонските навивачи ги разграбаа картите уште откако беа пуштени во продажба, а според наши инфоремации останати се уште едвај по некое слободно столче во одредени блокови на трибините Југ и Север, кои беа пуштени за продажба. На Исток ќе бидат гостинските навивачи под силно полициско обезбедување, додека на Запад ќе бидат навивачки групи од целава земја. Бугарија не е воопшто атрактива репрезентѕација, на пример од времето а Стоичков и Бал'ков, а потоа и на Бербатов. Денес македонските фудбалски фанатици не знаат ниту еден бугарски фудбалер, затоа што едноставно денес никој бугарски фудбалер не се истакнува. Можеби љубителите на Калчото слушнале за Петко Христов од Специја или за Валентин Антов од Монца. И тоа е тоа, факт дека Македонците картите не ги купуваат за да видат некоја голема ѕвезда од противничката репрезентѕација, како што често знае да биде случај.

Полесен или потежок пат до ЕУРО 2024

Ако победа над Бугарија вечерва е императив поради сите сопки и глупости кои нивните две, или колку влади и да се сменија изминативе години, ни ги прават, селекторот Милевски и фудбалерите имаат и друга тежина на плеќи. Милевски уште откако седна на селекторското столче пред една година, најавуваше дека целта е да се направи тим за пласман на ЕУРО 2024. Жрепката за квалификациските групи е закажана за брзо, веќе на 9 октомври во Франкфурт, а ќе има 6 барабани. Во колку повисок барабан е една репрезентација, толку поголкема е веројатноста да добие полесна група и полесен пат до пласман на завршницата.

УЕФА одлучи да ѝ даде значење на Лигата на нации, новото натпреварување кое голем дел од репрезентациите не го сфаќаат сериозно. Така, квалификациските барабани ќе бидат направени согласно генералниот пласман во Лигата на нации за оваа 2022/2023 сезона. Тука е проблемот на Македонија. Слабите резултати направија Македонија дури и да стравува за тоа дали ќе биде во четвртиот од вкупно 6 барабани. На пример, репрезентации како Луксембург, Фарски Острови и Казахстан обезбедија место во барабанот 4, додека барабанот на Македонија зависи од вечерашниот резултат бидејќи според пласманот нашата репрезентација е помеѓу барабаните 4 и 5.

Во случај на неуспех вечер, а неуспех е и реми, Македонија ќе се најде во барабанот 5 и на жрепката ќе добие 4 подоброрангирани репрезентации. Иако во тој барабан 4 се и репрезентации како Луксембург, Фарски Острови и Казахстан, таму се и Турција и Грција, што значи дека фортуната можеа да ни додели и тешки противници. Доколку Македонија вечерва загуби, не само што ќе биде тежок удар за народот кој овој спортски настан го смета за важна битка, иако реално победа во фудбал па и во било кој спорт над некоја држава не значи апсолутно ништо на политички план или во меѓудржавните односи, ниту пак ќе исправи некоја историска неправда. Но, затоа може и тоа како да влијае на квалификациската судбина за пласман на ЕУРО 2024 - целта на македонската репрезентација.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе