Победничката песна на фудбалерите на Вардар во соблекувалницата во Истанбул (Видео)

Фудбалерите на Вардар испишаа нова страница во историјата на македонскиот клупски фудбал. Најтрофејниот македонски клуб со две победи во плејофот го елиминира турскиот великан Фенербахче и избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Победничкото славје на Вардарци не застана на тревникот, па во соблекувалната се пееше „Шампионе, шампионе“.

Фаворитите не победуваа секогаш, особено не во фудбалот, кој поради тоа е „најважната споредна работа“. Фенер по ждрепката беше фаворит со Вардар, но македонскиот првак по скопските 2:0, го фрли турскиот великан на колена и во Истанбул и победи со 2:1.

Вардар во Истанбул одигра тактички зрел натпревар, а одбраната на тимот предводена од голманот Гачевски ги издржа налетите на Фенербахче. Чеде Јаневски уште еднаш реши да му остави на противникот да игра со топката, а голот на Камени да го напаѓа преку контранападите на одличниот Барсегјан.

Јалова беше иницијативата на Фенербахче во првиот дел, а Гачевски беше сигурен при обидите на Топал и Ван Перси. Барсегјан ја имаше најдобрата можност за постигнување на гол во првото полувреме, но неговиот обид заврши во дирекот.

Вториот дел донесе уште посилен притисок на турскиот тим, голот на Вардар „висеше во воздухот“, а Гачевски успеа да го совлада дефанзивецот Нојштетер во 61.минута, кога најдобро се снајде пред голот а македонскиот првак и од пет метри ја проследи топката во мрежата.

Радоста на Фенербахче траеше само седум минути кога Џугари меѓу двајца противнички дефанзивци со малку среќа успеа да го совлада Камени.

По постигнатиот гол започна да паѓа играта на Фенербахе, а вардаровите играчи дополнитело ја зголемија самодовербата.

Барсегјан во финишот ја погоди гредата, а наградата за храбрата игра стигна во 91. минута кога играчот на натпреварот Барсегјан го проигра Глигоров кој рутински го матираше Камени. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе