Победниците на Sony World Photography 2021
Портретот на млада жена облечена во викторијанска облека како држи традиционален прибор за готвење ја освои првата награда во Отворената категорија на доделувањето на Sony World наградите за најдобра светска фотографија.
Отвореното натпреварување ја истакнува силата на поединечни фотографии, а годинешната победничка е Тамари Кудита од Зимбабве, за портретот „Викторијанка од Африка“.
Во галеријата ќе ги погледнете победниците од останатите категории.