На церемонија во Природниот историски музеј во Лондон се објавени победничките фотографии од Wildlife Photographer of the Year. За најдобра е изгласана фотографијата наречена „Моментот“ од фотографот Јонгкинг Бао, направена во кинеската провинција Чингхаи.
Наречена е така поради клучниот момент на живот и смрт, во замрзнат момент кога тибетска лисица напаѓа мрмот. Педесет и петта година по ред се одржува овој натпревар. Годинава тој привлече повеќе од 48.000 пристигнати фотографии од професионалци и аматери во 100 земји.
Изложбата во Музејот ќе биде отворена на 18 октомври со изложби низ Велика Британија, а потоа низ САД, Канада, Шпанија, Австралија и Германија.