Победниците на Wildlife photographer of the year 2020
Фотографијата на Сергеј Горшков од тигрица која прегрнува древно дрво е победник на престижниот натпревар Wildlife photographer of the year.
Интимниот момент во кој тигрицата ја обележува нејзината територија, како и победниците во останатите категории, ќе бидат дел од изложбата во британскиот Природонаучниот музеј од 16 октомври.
Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го објави победникот на овогодишниот натпревар. Наградената фотографија е насловена како „Прегратка“ и го покажува миот кога тигрицата „прегрнува“ дрво за да ја обележи својата територија.