Здравје

Побиен уште еден мит: Грчењето не е причина за лошо спиење

18. септември 2019 - 14:41 | М.С.

Многу луѓе денеска имаат проблеми со грчење. Познато е дека грчењето е напорно и иритантно, не само за личноста која го има овој проблем, туку и за луѓето околу неа.

Иако постои теорија дека грчењето е поврзано со лошиот сон, новото истражување покажа дека тоа не е вистина.

Научниците го проучувале грчењето и дури мереле со микрофон колку гласно некој грчи. Тогаш дошле до заклучок дека грчењето не е поврзано со начинот на спиење.

Учесниците на себе носеле микрофон, а наредниот ден забележувале колку добро се наспале.

Резултатите покажаа дека оние кои грчат повеќе, не се поуморни од другите учесници. Освен тоа, грчењето не влијае на времето на спиење, ниту на будењето во текот на ноќта.

Во истражувањето учествувале 235 луѓе кои го мереле грчењето, а 74 учесници биле поделени во групи: оние кои грчат малку, средно и многу.

Интересно е дека не е најдена поврзаност помеѓу интензитетот на грчење и времето кое го поминале спиејќи.

Коментирај