Откако американските компании ѝ откажаа соработка, Huawei се реши да развие сопствен оперативен систем кој ќе биде именуван HongmengOS. Според тврдењата од кинеската компанија, тој ќе биде побрз од главните конкуренти Android и iOS и ќе има повеќе распространета примена.
Освен на смартфони, HongmengOS може да се користи и на рутери, мрежни свичови, таблери, компјутери, па дури и на дата центри, вели во интервјуто за францускиот магазин Le Point извршниот директор и основач на компанијата, Рен Зенгфеи.
Тој истакна дека HongMengOS ќе биде дури и побрз од Apple MacOS, односно дека ќе има доцнење помало од пет милисекунди во процесирањето на информации.
И покрај тоа што САД ги „омекна“ забраните према Huawei, кинескиот гигант не се откажува од развојот на својот оперативен систем HongMeng, побрза да истакне Зенгфеи. Според него, оперативниот систем ќе опфаќа многу повеќе од она што можат да го понудат Android и iOS, па затоа смета дека Huawei има добри шанси за одново да проба да го освои пазарот.
Со оглед на тоа дека може да се користи на различни уреди, HongmengOS неверојатно многу потсетува на Google FuchsiaOS.