Почестото јадење темно чоколадо може да го намали ризикот од дијабетес

Според едно американско истражување, консумирањето на пет порции темно чоколадо неделно е поврзано со намален ризик од дијабетес тип 2.

Претходните студии покажаа дека луѓето кои јаделе најмалку пет порции неделно од секаков вид чоколадо, каде што една порција е еднаква на стандардната големина на еден ред, имале 10% помала стапка на дијабетес тип 2 во споредба со оние што воопшто не консумирале чоколадо.

Сепак, една студија спроведена на Школата за јавно здравје „ТХ Чен“ при Харвард во Бостон покажа дека луѓето кои јаделе најмалку пет порции темно чоколадо неделно имаат 21% помал ризик од дијабетес тип 2.

За млечното чоколадо не беше утврден помал ризик. Студијата покажа 3% намален ризик од дијабетес тип 2 за секоја дополнителна порција темно чоколадо. Исто така, тестовите, објавени од The ​​BMJ, покажаа дека зголеменото консумирање млеко, но не и темно чоколадо, е поврзано со долгорочно зголемување на телесната тежина.

Чоколадото содржи високо ниво на флаваноли, природно соединение кое се наоѓа во овошјето и зеленчукот за кое се покажало дека го подобрува здравјето на срцето.

„Зголемената потрошувачка на темно чоколадо е поврзана со помал ризик од дијабетес тип 2. Зголемената потрошувачка на млеко, но не и темно чоколадо, е поврзана со долгорочно зголемување на телесната тежина“, вели авторот на студијата Чи Сан.

Флаванолот ,кој е клучната состојка во чоколадото, е всушност многу здрав, но кога се консумира како млечно чоколадо, тој обично бил многу обработен и комбиниран со мноштво нездрави адитиви, шеќери и масти.

Професорката Баукје де Рос од универзитетот во Абердин, Шкотска, наведува дека ова е прва сеопфатна анализа на поврзаноста помеѓу консумирањето чоколадо и дијабетес тип 2. Посебноста на ова истражување е што тие конкретно процениле кој тип на чоколадо е поврзан со ризикот од дијабетес.

„Бидејќи темното чоколадо има многу поголема содржина на какао, тоа значи дека биоактивните соединенија во какаото и темното чоколадо, како што се флаванолите, може да придонесат за намалување на ризикот од дијабетес, можеби со зголемување на чувствителноста на инсулин. Сепак, останува да се утврди дали и како самите флаваноли го намалуваат ризикот од дијабетес дијабетес. Авторите откриле дека консумирањето на млечно чоколадо е поврзано со зголемување на телесната тежина, додека консумацијата на темно чоколадо не е поврзано. Зголемувањето на телесната тежина е важен фактор на ризик за развој на дијабетес тип 2“, вели професорката де Рос.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Здравје

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Read more

Клучот за намалување на ризикот од рак на дебелото црево е во вашиот фрижидер

Read more

Рани знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Read more

Страдате од главоболки? Можеби имате недостаток на клучна хранлива состојка

Read more
 

Магазин

Како да спречите потемнување на бананите во колачите?

Читај повеќе

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Читај повеќе

Трупате фотки во телефонот? Можеби имате ментално растројство

Читај повеќе

Гестови со кои ја покажувате љубовта за партнерот: Ја одржуваат вашата врска силна

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои се подготвени за голем деловен успех во 2025 година

Читај повеќе

Како јадењето киви еден час пред спиење може да ви помогне побрзо да заспиете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Читај повеќе

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Читај повеќе

Зимски прошетки и кучиња: Дали е неопходна јакна за вашето милениче?

Читај повеќе