Почетните ноти на Одата на радоста како обележје на два јубилеја

60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен

Музиката е универзален јазик кој ги поврзува луѓето, а нотите – нивното пишано лице, заедничко за сечии мисли и чувства. Одата на радоста од Лудвиг ван Бетовен,  химната на Европа, е своевиден симбол за заедништвото и универзалноста на вредностите воопшто. Во чест на музичкиот гениј, деновиве во центарот на Охрид поставено е обележје на почетните ноти на Ода на радоста, со моќна порака и во чест на јубилеите – 60 години „Охридско лето“ и 250 години од раѓањето на Бетовен.

Оваа порака ја носи и годинашното „Охридско лето“ кое со својот 60-годишен јубилеј  одбележува уште еден значаен јубилеј, 250-годишнината од раѓањето на Бетовен. Вака, Охрид уште поцврсто му припаѓа на светот и обратно – светот уште поцврсто му припаѓа на Охрид.

Одата на радоста симболично го означи и јубилејното издание на фестивалот. Првата вечер којашто беше посветена на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ која 1961 ја започна магијата на фестивалот, заврши токму со оваа химна на Европа во изведба на оперските ѕвезди Марија Јелиќ, Аманда Стојовиќ, Дарио ди Вјетри и Иван Томашев, придружени од Миливоје Вељиќ на пијано. Музиката на Бетовен, по повод 250 години од неговото раѓање се славеше низ цела Европа. Бетовен и Ода на радоста станаа своевидни белези на ова културно лето насекаде во Европа, па и кај нас. Во организација на Дојче Телеком, магента статуа на генијот патуваше низ Европа, од Бон, неговото родно место, преку Скопје, сѐ до Виена каде што ја компонирал Деветтата симфонија. Магента статуата симболично прошета и низ Охрид, збогатувајќи го фестивалот „Охридско лето“ кое со години наназад се одржува со поддршка на Македонски Телеком на уште еден начин: поинаков, различен, симболичен и обединувачки.

Поврзувањето како темел на заложбите на Телеком доби видлива, музичка димензија, а Охрид како древна колевка на уметноста – универзална димензија.

Сѐ уште можете да бидете дел од двојниот јубилеј, да се поврзете и со уметноста и да уживате во програмата на фестивалот. Споделете ваша фотографија од нотите како обележје кое ги симболизира почетните тонови на Ода на радоста со хаштаг #magentasonatas, Македонски Телеком ќе избере неколкумина кои ќе добиете бесплатни влезници за некоја од претстојните изведби од програмата.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе
  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе
  • filter

Поглед во специјалниот Rolls-Royce Linea D'Oro на Mansory

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе