Почеток на нова ера: Volkswagen го претстави електричниот ID.3

За премиерното издание на првиот продукциски електричен автомобил на Volkswagen, кој е заснован на новата модуларна платформа MEB, треба да издвоите нешто помалку од 30.000 евра.

Честа да биде прв автомобил што го носи редизајнираното лого на германскиот автомобилски гигант му припадна на електричниот модел ID.3 со кој Volkswagen отвора ново поглавје во својата повеќедецениска историја.

Производството на моделот со пет врати (за кој 30.000 купувачи веќе дале аванс) почнува во ноември.

Заснован на новата модуларна платформа, ID.3 со батерија со најголем капацитет (77 kWh) ќе може да помине 550 километри со едно полнење.

Со најмал капацитет на батеријата (45 kWh) што го движи електромоторот сместен назад, ID.3 ќе има досег од 330 километри, а со батерија од 58 kWh автономијата изнесува 420 километри.

Електромоторот развива 204 коњски сили и има максимален вртежен момент од 310 Nm.

Масата на автомобилот изнесува 1.719 килограми, а максималната (електронски ограничена) брзина е 160 км/ч.

Во основниот пакет може да се смета на батерија со среден капацитет, навигациски систем, греење на предните седишта...

На врвот на понудата е ID.3 1ST Max, модел што нуди и камера за помош при паркирање, затемнети стакла, LED светла, врвен аудиосистем, панорамски кров...

Цената на основната верзија во Германија нема да биде повисока од 30.000 евра.

реклама

СЗО предупредува: Не се опуштајте, втор пик во првиот бран може да се случи во секое време

Read more

Турски боксер си ја уби девојката на Бајрам бидејќи сакала да го напушти

Read more

Две брачни двојки физички се пресметале за време на полициски час

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Авто новости

Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи

Read more

Поглед во новиот BMW Alpina XB7 со 612 коњски сили

Read more

Mazda започнува со производството на електричниот модел MX-30

Read more

Познат датумот кога Mercedes ќе ја претстави редизајнираната Е класа

Read more

Автомобили

Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се снајде најбрзиот Mégane на патеката во Нирбургринг?

Читај повеќе

Volkswagen го менува начинот на продажба за електричните модели

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Поглед во новиот BMW Alpina XB7 со 612 коњски сили

Читај повеќе
  • filter

Mazda започнува со производството на електричниот модел MX-30

Читај повеќе

Познат датумот кога Mercedes ќе ја претстави редизајнираната Е класа

Читај повеќе

Продажбата на автомобили во ЕУ доживеа колапс

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тјунираната ѕверка Corvette C8 стигна до 330 км/ч

Читај повеќе

Елон Маск ја поскапува самовозечката опција Autopilot во автомобилите Tesla

Читај повеќе