Почина актерот Ијан Холм, Билбо Багинс од Lord of the Rings

Славниот британски актер Ијам Холм, познат по улогата на Билбо Багинс во „Lord of the Rings“  почина на 88 години, пренесе BBC.

Веста за смртта ја потврди неговиот агент.

„Со голема тага потврдуваме дека актерот сер Ијан Холм почина утрово на возраст од 88 години, стои во изјавата за медиумите. „Тој почина спокојно во болница, опкружен со семејството и пријателите“, стои во изјавата.

Актерот долго време боледуваше од Паркинсова болест. Во текот на кариерата Холм освои бројни престижни филмски и театарски награди, но на крајот го напушти театарот поради став од настапи пред бројна публика, нешто со кое не можеше да се носи.

Легендарна е и неговата изведба во филмот „Alien“ на Ридли Скот. Новите генерации ги освои со улогата на Билбо во „Lord of the Rings“ и „The Hobbit“. Други улоги по кои е познат се во филмовите „The Fifth Element“, „Ratatouille“, „Chariots of Fire“ и други. Актерската кариера ја заврши во 2014 година.

Роден е во 1931 година во Есекс, беше женет 4 пати. Првите три брака завршија со развод. Зад себе остави сопруга и пет деца, три ќерки и два сина.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Read more

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Read more

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Read more

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе