Американскиот актер Дејвид Кесиди кој се стекна со популарност во серијата „The Partridge Family“, а подоцна беше и пејач во истоимена група, почина на 67 – годишна возраст.
„Дејвид почина окружен со оние кои најмногу ги сакаше, со радост во срцето и без болки кои долго ги трпеше“, соопшти неговото семејство.
Кесиди минатата седмица бил примен во болница откако му откажале неколку органи.
Нешто порано оваа година пејачот изјави јавно дека боледува од деменција, односно дека ќе ја прекине турнејата за да ужива во животот кој му преостанува.
Популарноста ја стекна во серијата „The Partridge Family“ од седумдесеттите години на минатиот век, во која се раскажува животот на мајка и нејзините пет деца кои формираат рок бенд,
После серијата, Кесиди имаше успешна кариера како пејач и актер, неколку пати беше номиниран за музичката награда Греми, а забележа продажба на повеќе од 30 милиони плочи ширум светот.
Многу познати личности се сетија на Кесиди и му оддадоа почит на социјалните мрежи, вклучувајќи го неговиот внук Џек Кесиди, Брајан Вилсон и други.