Семејството на американскиот студент Ото Вармбир (22) кој минатата недела беше пуштен од Северна Кореја изјави дека тој починал.
Вармбир во Северна Кореја беше осуден на 15 години затворска казна бидејќи украл пропаганден постер, потсетува агенцијата АП.
Тој во оваа држава мина нешто повеќе од 17 месеци пред да биде пуштен дома од здравствени причини и во коматозна состојба.
Американските доктори забележале тешки повреди на мозокот, но не успеале да ги дијагностицираат причините.
Фред Вармбир на новинарите им рекол дека Ото паднал во кома набргу откако бил осуден и дека неговиот син во Северна Кореја бил „измачуван и тероризиран“.