Почина бугарскиот новинар Георги Коритаров

Денеска ненајдено почина познатиот бугарски новинар Георги Коритаров кој стана познат во македонската јавност по неговите интервјуа со македонските политичари.

Тој последните години ја водеше емисијата „Свободна зона“ каде често тема на разговор беа македонско-бугарските односи и често имаше бројни гости од Македонија. И покрај контроверзноста на тематиката, Коритаров никогаш не пропагираше против нашата земја и професионално ја извршуваше својата работа, често ставајќи ги и бугарските политичари во непријатна ситуација.

Веста за неговата смрт на 61-годишна возраст ја сподели извршниот директор на телевизијата Европа, Георги Харизанов.

„Драги пријатели, не знам точно како се соопштува ваква вест. Не знам што да се каже, не знам како се разбира, не знам како да живеам со тоа. Вчера се смеевме во етерот. Денес разбирам дека повеќе нема да се видиме. Нема да зборуваме. Нема да се расправаме. Нема да размислуваме заедно, да работиме заедно, да читаме и да пишуваме заедно. Среќен сум што бев мал дел од животот на овој голем човек. И тој од мојот. Ќе се обидам да се насмеам секогаш кога ќе помислам на него. Но, тешко дека ќе успеам“, напиша Харизанов на својот Facebook профил.

Коритаров е роден на 10 мај 1959 година во Софија. Дипломирал Словенска филологија - српскохрватски јазик при Софискиот универзитет, а како новинар почнал да работи во весникот „Демокрация“ во 1990 година.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе