Почина Џеј Рамадановски

Познатиот фолкер Џеј Рамадановски почина денеска на 56-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Белград.

Според медиумите, Џеј Рамадановски почина како последица од проблеми со срцето, по неуспешните обиди на Итната медицинска помош.

Во неодамнешното интервју, Џеј изјави дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека коронавирусот би бил фатален за него.

Роден е во големо чевларско семејство на Мазлам и Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од Ресен.

Првите години од својот живот ги минува на Дорчол во Белград. По разводот на неговите родители, живее извесно време со неговата баба по мајка, а потоа, поради неговата склоност кон малолетничка деликвенција до полнолетството сместен е во домовите за воспитување на деца и млади.

Во тоа време аматерски се занимава со музика.

По запознавањето со Марина Туцаковиќ, Рамадановски го прави првиот сериозен чекор во музиката.

Со песната „Зарем јас да ти ги бришам солзите“, тој учествува на фестивалот МЕСАМ во 1987 година и го освојува второто место.

Во текот на 90-те години од минатиот век, Џеј Рамадановски беше популарен низ цела поранешна Југославија, особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, имаше турнеи и во странство (во Германија, Шведска, Канада, САД)

Џеј се појави и во филмот „Ајде да се сакаме 2“ од 1989 година, каде изведуваше една од неговите тогаш популарни песни „Дали се согласуваш“. На Гранд фестивалот во 2008 година го освои второто место со песната „Да се има, па да се нема“. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе