Регион

Почина девојчето кое беше повредено во земјотресот во Загреб

23. март 2020 - 19:59 | МИА

Девојчето (15) кое беше тешко повредено во земјотресот што вчера го погоди Загреб, почина денеска, изјави директорот на Клиниката за детски болести во „Клаичева“, Горан Роиќ.

– И покрај сите напори на лекарите, девојчето им подлегна на тешките повреди, рече Роиќ.

Девојчето беше повредено во земјотресот на улицата „Ѓорѓичева’ во Загреб.

Во земјотресот се повредени 27 лица. 

Коментирај