НБА денеска соопшти дека на 58-годишна возраст почина Дикембе Мутомбо, член на Куќата на славните на кошарката и еден од најпрепознатливите кошаркари во историјата. Причината за смртта е рак на мозокот, а Мутомбо починал опкружен со своето семејство.
Роден во Демократска Република Конго, Дикембе Мутомбо беше познат по својата неверојатна способност за блокирање шут и дефанзивна игра, што му донесе статус на една од најдоминантните одбранбени сили во историјата на НБА. Во текот на неговата кариера, која траеше 18 сезони, Мутомбо 8 пати беше избран за Ол-стар натпреварот и 4 пати беше прогласен за најдобар дефанзивец во лигата.
NBA Global Ambassador and Naismith Basketball Hall of Famer Dikembe Mutombo passed away today at the age of 58 from brain cancer. He was surrounded by his family.
— NBA Communications (@NBAPR) September 30, 2024
NBA Commissioner Adam Silver issued the following statement. pic.twitter.com/fkFPaiMVD3
Надвор од теренот, Мутомбо беше препознатлив по хуманитарната посветеност. Основаше фондација која ја помагаше здравствената и образовната инфраструктура во неговата татковина, а беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Неговиот придонес во општеството, особено во Африка, остави неизбришлива трага.
Мутомбо ќе остане запаметен не само по неговите кошаркарски достигнувања, туку и по неговата хуманост, дарежливост и посветеност да им помага на другите.