Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков

Александар Стиков е роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2.000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио.

Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004 година.

Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма „Спорт, музика, спорт“ и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства.

Погребот на посмртните останки ќе биде во петок (22 септември 2023) во 11:00 часот на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10:00 ч.), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023) во 11:00 часот во просториите на Македонската радио-телевизија.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Read more

Македонија

Обдукцискиот наод за Вања сè уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Read more

Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

Read more

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Read more
 

Вести

Обдукцискиот наод за Вања сè уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Читај повеќе

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Читај повеќе

Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

Читај повеќе

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Читај повеќе

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Читај повеќе

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе