Фудбал

Почина Џастин Единбург, легендата на Тотенхем

9. јуни 2019 - 10:24 | МИА/КАЈГАНА

Легендарниот фудбалер на Тотенхем и актуелен менаџер на Лејтон Ориент Џастин Единбург почина на 49-годишна возраст од срцев удар.

Поранешниот фудбалер на „петлите“ бил однесен во болница два дена откако присуствуваше на финалето во Лигата на Шампионите помеѓу неговиот поранешен клуб Тотенхем и Ливерпул.

„Целосно сме скршени од оваа трагедија“, напишаа од актуелниот клуб на Единбург.

Тој ја започна фудбалската кариера во Саутенд, по што следеше трансферот во Тотенхем во 1990 година. Тој забележа 215 натпревари за клубот од Северен Лондон и е дел од триумфот во ФА Купот и Лига Купот во 1991 и 1999 година.

„Длабоко сме натажени и шокирани откако дознавме за смртта на Џастин Единбург“, напишаа од Тотенхем.

Лејтон Ориент го назначи Единбург за менаџер во ноември 2017 година, а оттогаш тој освои 45 од 82 натпревари, откако се избори за пласман во Националната лига.

Коментирај