Музика

Почина францускиот Елвис, Џони Холидеј

6. декември 2017 - 13:18 | А.С.

Најголемата француска рок ѕвезда, кого го нарекуваа францускиот Елвис, почина по тешка борба со рак на белите дробови на 75 години.

„Нѐ напушти Џони Холидеј. Ги пишувам овие зборови и не верувам во нив. Но сепак, вистина е. Мојот маж веќе не е со нас. Нѐ напушти синоќа, откако го помина целиот живот исполнет со храброст и достоинство“, соопшти неговата сопруга Летисија.

Во неговата кариера што траеше повеќе од половина век, Холидеј продаде над 110 милиони албуми ширум светот и иако не беше многу популарен надвор од Франција, од него се богуваа многу светски ѕвезди, вклучувајќи ја Селин Дион која го нарече „гигант во шоубизнисот“ и „вистинска икона“.

И францускиот претседател Емануел Макрон испрати последен поздрав до славниот музичар.

„Никогаш нема да ги заборавиме името, гласот, и над сѐ концертите на Џони Холидеј“, напиша тој во официјалното соопштение, а подоцна, во порака на личниот профил на Twitter напиша дека „сите имаме нешто од Џони во себе“, алудирајќи на неговиот хит од 1985 година „Quelque chose de Tennessee" (Нешто од Тенеси).

Заштитен знак на Џони беа токму неговите незаборавни настапи. На повеќе од 50 турнеи пееше пред 28 милиони луѓе, а посетителите секој пат имаа прилика да гледаат спектакл: оган, чад, слетување на бина со хеликоптер... Беше толку популарен во Франција што во една прилика му бил предгрупа на Џими Хендрикс.

Коментирај