Македонија

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

15. декември 2018 - 12:48 | МИА
Охрид, 15 декември 2018 (МИА) – Градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски утрово ненандејно почина на 48-годишна возраст.

Според првичните информации, причина за смртта е срцев удар. На Стојаноски му се слошило, па во критична состојба бил префрлен на Интерното одделение на Општата болница во Охрид. Бил направен обид да се префрли во Заводот за кардиологија, но залудни биле обидите за реанимација.

Јован Стојаноски беше професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, после победата во првиот круг од Локалните избори.

Стојаноски беше роден на 7 август 1970 година во Охрид. 

Коментирај