Почина HAL 9000 од култниот „2001: A Space Oddysey“

Култниот научно-фантастичен филм „2001: A Space Oddysey“ на Стенли Кјубрик беше еден од првите филмови кои во улогата на антагонист наместо човек имаа робот – HAL 9000. Гласот кој стоеше зад HAL беше канадскиот актер Даглас Рејн, кој почина денеска на 90-годишна возраст.

Даглас Рејн почина денеска во неговата родна Канада. Последниот ден тој го помина во болницата во Онтарио, а докторите објавија дека починал од природна смрт.

Пред да започне снимањето на филмот, Кјубрик го одбрал Мартин Балсам за да го позајми гласот на HAL 9000, но се премислил во последен момент бидејќи Балсам имал „премногу американски акцент“. Кјубрик бил импресиониран од нарацијата на Рејн за канадската документарна серија „Universe“, за која режисерот тврди дека ја гледал преку 100 пати. Тогаш на сцената стапил Даглас Рејн, а останатото е историја.

Во 1967 година Рејн снимил преку девет и пол часови дијалог и монолози за ликот на HAL 9000, вклучувајќи 50 различни верзии на песната „Daisy Bell“ која роботот ја пее додека се појавува во неговата последна сцена.

Даглас Рејн е роден во Винипег во 1928 година. Тој доби стипендија за да студира актерство во 1950 година и оттогаш не погледна кон друга професија, иако на почетокот воопшто не му се допаѓаше наставата, најмногу поради тоа што мораше да студира во Англија. Тој се врати во Канада во 1953 година и оттогаш почна да работи како театарски актер и наратор.

Иако улогата на HAL 9000 му ја донесе најголемата слава во неговиот живот, тој сепак ниту еднаш не се појави во човечка улога во долгометражен филм. Сите негови филмски улоги беа сведени на нарација, но тоа не одзема ништо од неговата завидна актерска кариера.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе