Хроника

Почина и третиот повреден во пожарот кај Струмица

29. јули 2012 - 12:37 | Kајгана/Макфакс

Бројот на починати како последица на големиот пожар што избувна пред неколку дена во Струмица, ја однесе и третата жртва, откако ноќеска уште еден од повредените им подлегна на повредите.

Како што јави Македонската телевизија во пладневните вести, во текот на ноќта на скопската  Клиника за хируршки болести почина Митко Ѓоргиев (30) од Струмица.

Претходно починаа Пено Стојков (46)  и неговиот брат Блажо Стојков (50),  вработени во „Македонски шуми“.

Во пожарот кој избувна на 23 јули повредени беа 15 лица, од кои 10 полесно.

На Клиниката во Скопје се наоѓаат уште две лица на лекување кои беа повредени во пожарот.

Едниот од нив е возрасно лице со изгореници над 50 отсто, кое е во витално-загрозувачка состојба, но во моментов со стабилни параметри. Другото лице е дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен и се наоѓа во стабилна општа состојба.

Коментирај