Почина легендарниот дизајнер Живанши

Францускиот дизајнер и основач на модната куќа Givenchy, Ибер де Живанши, починал во саботата на 91-годишна возраст, а денеска веста ја потврди и неговото семејство.

Славниот моден гигант имаше кариера која траеше повеќе од пет децении, а помеѓу култните личности со кои тој соработуваше беа поранешната прва дама Џеки Кенеди (негова креација носеше на погребот на Џон Ф. Кенеди), како и актерската легенда Одри Хепберн, која беше негова муза и за неа создаде бројни креации.

Најзапамтени ќе останат креациите што Живанши ги направи за култниот филм „Breakfast at Tiffany’s“, меѓу кои славниот мал црн фустан.

„Тој е повеќе од дизајнер, тој е креатор на личности. Само во неговите креации се чувствувам како себеси“, изјави Одри Хепберн за Живанши.

Познат по неговата аристократска естетика, Живанши уживаше во популарноста во холивудските кругови во 20-от век, а сите, од Елизабет Тејлор до Грејс Кели ја признаваа неговата дизајнерска брилијантност.

По основањето на неговата модна куќа La Maison Givenchy во 1952 година, тој ја продаде на LVMH во 1988 година и остана да работи како главен консултант и шеф на одделот за креативен дизајн до 1995 година, кога се пензионираше.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе