Почина масовниот убиец Чарлс Менсон

Лидерот на култот Фамилијата Менсон, Чарлс Менсон, почина доцна во недела навечер, на 83-годишна возраст. На почетокот на овој месец тој беше пренесен од затвор во болница поради сериозни здравствени проблеми.

Според одговорните во болницата Керн Каунти, Чарлс Менсон починал од природна смрт.

Непоправлив расист, ветеран убиец и аматерски музичар, Менсон стана познат кон крајот на 60-те години од минатиот век, кога со неговиот култ Фамилијата Менсон изврши повеќе убиства во Лос Анџелес.

Лудилото на Чарлс Менсон можеше да се забележи по неговата луда интерпретација на песните на The Beatles, а посебно „Helter Skelter“, за која тој сметаше дека нѐ предупредува за апокалиптична војна предизвикана поради тензиите помеѓу белата и црната раса.

Чекајќи таа војна да започне, тој реши да ги преземе работите во свои раце, и на 9 август 1969 година испрати четири члена од неговата Фамилија Менсон во куќата на актерката Шерон Тејт (26, жена на режисерот Роман Полански), со наредба да „ги убијат сите во куќата, на најгрозоморен начин што можат. Тие ја убија актерката, која беше бремена во осми месец, и уште 4 луѓе кои случајно се нашле во куќата и околу неа.

Наредната вечер, Чарлс Менсон испрати уште еден член да се придружи на групата убијци и им нареди да одат во куќата на сопственикот на ланец продавници, Лено ЛаБјанка, и да го убијат него и неговата жена. Тие беа брутално избодени до смрт, а членовите на Фамилијата на ѕидовите од куќата со крв имаше напишано „издигнување“, „свињи“ и „helter skelter“ (неред, конфузија).

Менсон, заедно со уште тројца членови на Фамилијата, Сузан Еткинс, Лесли ван Хоутен и Патриша Кренвинкел беа осудени на смрт, но подоцна оваа казна беше заменета со доживотна затворска робија. Судењето, само по себе, беше спектакл за американската јавност бидејќи Менсон се појави пред судот со нацртан знак „Х“ на челото, кој подоцна беше изменет во свастика.

Тој беше роден во 1934 година. Неговата мајка имаше само 16 години кога се породи, а тој никогаш не го запозна неговиот татко. Мајка му подоцна станува алкохоличар, а тој го помина детството низ поправни установи и домови за деликвенти. Подоцна во животот често завршува во затвор бидејќи беше лесна мета за полицијата, со неговото богато досие кое се проширува со тек на време.

Откако беше пуштен на условна казна во 1967 година, Менсон одржува контакти со тогашни музички имиња, а посебно со членови на групата Beach Boys, и под нивно влијание тој креира музика.

Чарлс Менсон беше обвинет за поттикнување и планирање на свирепи убиства на седум луѓе, и од 1969 година наваму тој е во затвор. На крајот од својот живот, тој помина вкупно 60 години во затвори и поправни установи.

Менсон почина на 83-годишна возраст.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе