Почина момчето кое се здоби со тешки изгореници во пожарот во Тетово

Почина 24-годишниот А.С. кој се здоби со тешки изгореници од четврт степен во пожарот што вчера избувна во станбена зграда во Тетово околу 11 часот.

Момчето од вчера до денес било ставено на респираторен апарат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега.

И покрај третманот, лекарите велат дека поради длабочината на изгорениците била нанесена голема штета на многу негови витални органи.

Вчерашниот пожар го опфати станот на улицата „Димо Гавровски“ во Тетово каде што живеел сега починатиот А.С.

Во интерно одделение вчера биле примени шест жени и четворица мажи со инхалаторно труење од чадот, кои по симптоматска терапија и опсервација беа пуштени на домашно лекување.

Пожарот бил предизвикан од експлозија на плинска боца. Од тетовската пожарникарска единица информираат дека интервенирале со 10 пожарникари и три возила.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе