МК сцена

Почина музичарот Зоран Маџиров

9. мај 2017 - 13:58 | Макфакс

Музичарот кој беше познат по специфичниот начин на свирење почина денеска на 49-годишна возраст. Маџиров на 7 октомври 2016 година настрада во стравотна сообраќајна несреќа.

Во коматозна состојба, Маџиров беше префрлен на КАРИЛ во Скопје, каде што лекарите се бореа за неговиот живот. Сообраќајната незгода се случи кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш. Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.

Маџиров, по потекло од Струмица, со своето семејство живееше во Загреб, Хрватска. На светската јавност Маџиров ѝ беше познат како „Ботлмен“, односно човекот кој свири на шишиња.

Коментирај