Почина најпознатиот ракун на светот, кој беше инспирација за Рокет од „Guardians of the Galaxy“

Ракунот Орео, кој е убедливо најпознатиот ракун во светот, почина викендов на 10-годишна возраст. Неговиот лик послужи како инспирација за ликот на Рокет од познатиот хит на Marvel, „Guardians of the Galaxy“.

Веста за неговата смрт беше објавена на фан-пејџот на „Guardians of the Galaxy“, набрзо откако семејството со кое живееше Орео ја соопшти тажната вест.

„Нашите срца се скршени бидејќи го изгубивме најдобриот пријател, нашиот ‘чувар на галаксијата’, ракунот Орео. Тој почина рано наутро откако не успеа да се избори со болеста. Им се заблагодаруваме на ветеринарите за нивната грижа и напор“, напиша Куинта Лејла.

Орео имаше многу необични искуства како за еден ракун, а еднаш ја доби шансата и да се прошета по црвениот тепих заедно со режисерот Џејмс Ган, за време на премиерата на „Guardians of the Galaxy“ во Холивуд. Тој, заедно со аниматорите кои ги снимаа неговите движења, го создаде ликот на Рокет – малиот вселенски ракун кој има проблеми со самоконтролата.

Ликот на Рокет беше креиран од страна на Бил Мантло и Кит Гифен за потребите на серијалот „Marvel Preview #7“ од 1976 година. Неговото име е инспирирано од песната на „Битлс“ со име „Rocky Racoon“. Тој за првпат се појави на филмското платно во 2014 година, а се очекува да се појави и во „Avengers: End Game“, кој излегува годинава.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе