Почина оригиналниот Дарт Вејдер

Англискиот актер Дејв Проус, најпознат по улогата на Дарт Вејдер во трилогијата „Star Wars“, почина во осумдесет и петтата година од животот, пренесе BBC.

Неговиот агент Томас Бовингтон изјави дека актерот починал по кратко боледување и дека ова е тажен настан за милиони обожаватели низ светот. Проус, бодибилдер од Бристол, беше одбран за улогата на Вејдер поради импозантната фигура, иако гласот го позајмуваше американскиот актер Џејмс Ерл Џоунс.

„Нека биде силата со него“, изјави Бовингтон и додаде дека иако Проус бил познат по улогата на негативец, во реалниот живот тој бил херој за сите кои го познавале.

Проус во оваа улога се појави во три продолженија поради неговата фигура, беше висок 1,98 метри. Неговите колеги и обожаватели се простија од актерот на социјалните мрежи, опишувајќи го како добар човек и актер кој ги многу ги сакал своите обожаватели.

За време на натпреварите во бодибилдинг, се спријателил со неговите ривали Арнолд Шварценегер и Лу Ферињо, многу порано пред тие да станат славни личности. Пред да почне со актерската кариера, го подготвувал актерот Кристофер Рив за улогата на Супермен, како негов личен тренер.

URL
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе