Почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа

Познатиот македонски актер и кастинг директор Љупчо Тодоровски – Упа почина на 64-годишна возраст.

Покрај со актерство, тој се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија.

Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

Филмските и театарските работници во земјава и пошироко денеска преку пораки на социјалните мрежи се простуваат со истакнатиот културен деец.

Роден е во Скопје, на 2 мај 1956 година. Бавењето со глума го доживува како фрлање зрак светлина во туѓите животи. Еден е од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можност за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува 10 години... Го „пече“ занаетот крај искусни и водечки југословенски актери настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 год. покрај актерството, се бави со филмска и ТВ продукција, пишување на сценарија и избор на актери, пишува во неговата биографија објавена на веб-страницата на Кинотека на Македонија.

Филмови: 2002 ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА; кастинг директор, ПРИСТОП, Скопје 2002 НЕБО, ПРАШИНА, ВЕТЕР И ПАТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), EUROFILM STUDIO Kft, Унгарија 2002 ИЗЛЕЗ ЗА РАЈОТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), Германија 2002 РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ; Кастинг директор за споредна улога и скрипта (игран филм), E-MOTIONFILM, Словенија 2001 Извршен продуцент на 6 документарни филмови за Македонија 2000 ЗАД НЕПРИЈАТЕЛСКАТА ЛИНИЈА; Локален Кастинг директор за споредни улоги, 20th CENTURY FOX 2000 ГАЛИЧКА СВАДБА; асистен режисер, (документарен филм), PICTOR Association, Paris/France и Министерство за економија 2000 MR. ALPHABET; продуцент и сценарио на пилот епизодата за детска ТВ серија, ТВ ЕРА и CATENA MUNDI ПРОДУКЦИЈА 1999 НАШЕ МААЛО; кастинг асистент (ТВ серија), TW (“Sesame Street”) and CG Prods. МОЈОТ ТАТКО ЕДВАРД, NFS, Great Britany ЈАСНО ЛИ Е ПРИЈАТЕЛЕ, DA Film, Croatia Film ШМЕКЕР, Унион филм, Белград СЕКУЛА И НЕГОВИТЕ ЖЕНИ, Avala Profilm ВРЕМЕНО РАЗВЕДЕНИ, Union Film ЧЕТВОРИЦА ВО ОКТОМВРИ, Avala Profilm.

Филмографија:

1985: Јазол ( Споредна улога)

1994: Пред дождот ( Споредна улога)

2001: Освета ( Главна улога).

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе