Американскиот режисер Џон Ејвилдсен, познат по на култните филмови „Rocky“ и „Karate Kid“, почина од рак на простата. Оваа вест ја потврдил неговиот син Антони.
„ Ејвилдсен почина од рак на простата на 81-годишна возраст во болница во Лос Анџелес“, изјавил Антони.
Американскиот режисер Џон Ејвилдсен во 1977 година освои Оскар за режирање на филмот „Rocky“, со младиот Силвестер Сталоне, кој ја играше улогата на сиромашен боксер.
„Мислам дека Роки на луѓето им даде надеж, а нема подобро чувство од тоа“, изјави тогаш Ејвилдсен.
Тој оствари добар успех и со филмот „Karate Kid“.