Легендарниот пејач и гитарист Чак Бери, кој се смета за еден од пионерите на рокенрол музиката, почина на 90 години, соопшти полицијата од Мисури.
Бери бил пронајден без знаци на живот во неговиот дом, вчера околу пладне, рече полицијата.
Во својата седумдецениска кариера, Бери имаше низа хитови, меѓу кои Roll Over Beethoven и Johnny B Goode.
Во 1984 година доби награда Греми за животно дело, а беше и еден од првите музичари вброени во Rock and Roll Hall of Fame во 1986 година.
Се очекуваше годинава да го објави неговиот прв албум по повеќе од 35 години пауза, насловен едноставно „Chuck“, што го снимаше во студио во близина на родниот Сент Луис.