Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Триесет и петгодишен скопјанец бил примен во крајно тешка здравствена состојба на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, по што во текот на вчерашниот ден починал.
Тој најверојатно се заразил со маларија додека бил на службен пат во Гана, Африка.
Ова за МИА го потврдија од Клиниката за инфективни болести од каде посочуваат дека по доаѓањето на Клиниката тој веднаш бил хоспитализиран, болеста му била дијагностицирана, но за жал не можело многу да се направи, бидејќи бил во тешка состојба.