Почина славниот филмски композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор и оскаровец, Енио Мориконе почина денеска на 91-годишна возраст во болница во Рим. Тоа, како последица на минатонеделниот пад, објави неговиот пријател и адвокат Џорџо Асума.

Имено, пред неколку дена Мориконе паднал наземи и ја скршил бедрената коска.

Во моментот на неговата смрт, неговата сопруга Марија беше покрај него.

За време на својата повеќедецениска кариера, Мориконе твореше музика за филмовите „The Good, the Bad and the Ugly“, „For a Few Dollars More“, „Once Upon a Time in America“, „The Untouchables“, „Cinema Paradiso“, „Mission to Mars“ и многу други. А, беше и шест пати номиниран за престижниот Оскар во областа на филмската музика.

Remote video URL

Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Почнал како фудбалер во тимот на Рома каде сепак брзо се откажал за да го оствари својот музички сон. Иако се откажа од фудбалот, до крајот остана верен навивач на „Волчицата“. Последниот Оскар го доби во 2016 година за музиката за филмот „The Hateful Eight“ од Квентин Тарантино и тоа како најстар добитник во оваа категорија. Тој го освои и почесниот Оскар во 2007 година за неговиот значаен придонес во кинематографијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе