Почина славниот современ уметник Христо

Христо, светски познатиот современ уметник со бугарско потекло, кој поголемиот дел од животот работеше во САД, почина на 84 години во неговиот дом во Њујорк.

Христо Јавашев, кој секогаш работеше со неговата сопруга Жан-Клод, е познат по неговите масивни дела во кои покриваше знаменитости со платно или најлон.

Христо избегал од комунистичка Бугарија во 1957 година, прво во Прага, а потоа во Виена и Женева. Една година подоцна се преселил во Париз, каде што ја запознал неговата сопруга и уметнички партнер Жан-Клод Денат де Гилебон (почина во 2009, на 74 години). Живеел во Њујорк 56 години.

Неговите дела, меѓу кои завиткувањето на Рајхстагот во Берлин и мостот Пон-Неф во Париз, „ги зближуваа луѓето“, стои во соопштението објавено на официјалната Facebook страница на уметникот.

„Христо го живееше животот со полни гради и не само што го сонуваше она што се чинеше невозможно, туку исто така и го остваруваше“, се вели понатаму во пораката до неговите обожаватели и се додава дека уметничките дела на двојката „продолжуваат да живеат во нашите срца и сеќавања“.

Во неговиот последен проект тој сакаше да ја обвитка Триумфалната порта во Париз со 25.000 квадратни метри полипропиленска ткаенина која може да се рециклира во сребреносина боја и 7.000 метри црвено јаже.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе