Почина српскиот амбасадор во Русија, новинарот Мирослав Лазански

Амбасадорот на Србија во Русија, Мирослав Лазански, почина ненадејно на 71-годишна возраст, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

-Министерството за надворешни работи со тага соопштува дека ненадејно почина нашиот ценет колега, српскиот амбасадор во Руската Федерација, Мирослав Лазански. Ќе го паметиме како голем патриот, одличен писател, новинар, еминентен воено-политички коментатор, кој ја сакаше својата земја и гордо ја претставуваше низ целиот свет, е наведено во соопштението.

Лазански беше писател, новинар и воено-политички коментатор.

Роден е на 18 септември 1950 година во Карловац.

Основно училиште завршил во Карловац, гимназија во Требиње и Правен факултет во Загреб. Како новинар, пишуваше за тогашните југословески и хрватски весници „Полет“, „Вјесник“, „Данас“ и „Старт“.

Во февруари 1991 година, се преселил во Белград и започнал да пишува за дневниот весник „Политика“. Покрај тоа, тој пишуваше и за Политика експрес, НИН, Вечерње новости, загребски Старт, Катимерини, неделник Дајмонд веекли и Секуритаријан.

Напишал седум книги и е автор на десетина телевизиски серии.

Лазански известуваше за војните во Авганистан, Бејрут-Либан, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот меѓу Ирак и Иран, за време на операцијата Пустинска бура, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово и Либија.

На изборната листа на кандидати на Српската напредна партија за пратеници во Собранието на Србија за изборите во 2016 година, тој беше во групата на непартиски личности на листата предводена од Александар Вучиќ.

Лазански е назначен за српски амбасадор во Москва во јули 2019 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испрати телеграма со сочувство до семејството на Мирослав Лазански.

-Србија загуби голем човек, амбасадорот во Руската Федерација, еден од најдобрите експерти за геополитички прашања, воена стратегија и тактика, исклучителен новинар и публицист и пред се добар човек. Човек кој ја сакаше Србија повеќе од се. Му благодарам за се што направи за нашата земја и нека му е вечна слава, стои во телеграмата со сочувство од Вучиќ. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе