Филм & ТВ

Почина Тери Џонс, еден од основачите на Монти Пајтон

22. јануари 2020 - 15:34 | А.С.

Тери Џонс, еден од основачите на Монти Пајтон и режисер на три од најпознатите филмови на трупата, почина на 77 години, соопшти неговото семејство.

„Тери почина вечерта на 21 јануари, 2020 година, на 77 години, со неговата сопруга Ана покрај него, по битката со ретка форма на деменција која беше долга и екстремно храбра, но секогаш исполнета со хумор.

Сите изгубивме еден добар, забавен, топол, креативен човек исполнет со љубов, чии бескомпромисна индивидуалност, неуморен интелект и неверојатен хумор им пружаа задоволство на милиони луѓе во текот на неговата шестдецениска кариера“, стои во соопштението.

Во 2016 година, Џонс и неговото семејство открија дека боледува од фронтотемпорална деменција и тој стана јавен поборник за кревање на свеста за ризиците од оваа болест.

По Монти Пајтон, Џонс работеше на најразлични проекти, од серии и ТВ-документарци, детски книги, а пишуваше и коментари како гласен критикувач на војната во Ирак, кои беа објавувани во The Guardian и Observer.

Коментирај