Хроника

Почина тригодишно девојче во Струга, телото дадено на обдукција

12. август 2019 - 12:47 | МИА
Струга, 12 август 2019 (МИА) – Тригодишно починато девојче вчера било донесено во Медицинскиот центар во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека во 10 часот и 20 минути од болницата пријавиле дека А.Ј. (25) од Шведска го однела починатото девојче.

Според информацијата на телото на девојчето немало траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција. 

Коментирај