Почина тркачкиот директор на Формула 1, Чарли Вајтинг

Ф1
/ 14.03.2019 / 11:26

Ден пред почетокот на викендот за одржување на Гран При на Австралија, Формула 1 е потресена од смртта на тркачкиот директор, Чарли Вајтинг.

Во четвртокот наутро по локално време, тој добил белодробна емболија и починал ненадејно. Случката е вистински шок за тимовите и пилотите.

„Со огромна тага дознав за смртта на Чарли. Тој беше една од најзначајните фигури во Формула 1 и ја носеше во себе етиката и духот на овој фантастичен спорт. Загубивме пријател и човек кој беше вистински амбасадор на спортот“, рече претседателот на ФИА, Жан Тод.

Шеесет и шест-годишниот Вајтинг беше една од најпочитуваните и најхаризматични фигури во Формула 1. Тој ја започна својата кариера уште во 1977-та, откако прво работи во Хескет, а потоа преминува во Брабам и како главен инженер помага за 2 титули на Нелсон Пике.

Во 1988-та станува дел од раководството на Формула 1, а од 1997-та е тркачки директор.

Преку објава на официјалната веб-страна на ФИА, му беше оддаден последен поздрав на Чарли Вајтинг, кој долги години беше дел од семејството на Формула 1.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе