Хроника

Почина затвореник од Идризово

11. јули 2019 - 17:03 | МИА

МВР соопшти дека затвореник од Идризово починал додека бил на лекување во Геријатрија Ѓорче Петров.

Вчера во 12:54 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во Геријатрија Ѓорче Петров починал Г.А.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, осудено лице од Казнено-поправната установа Идризово, кое било на лекување.

Според пријавеното, Г.А. боледувал од карцином.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Коментирај