Кочани, 30 септември 2019 (МИА) – 61-годишен маж од Кочани починал, а неговата 55-годишна сопруга е тешко повредена по семејна расправија.
Настанот се случил ноќеска во куќа на улицата „Климент Охридски“ во Кочани, по што жената итно била префрлена на клиниките во Скопје, а сопругот им подлегнал на повредите.
Истражна полициска екипа и судија на претходна постапка прават увид, а подетални информации се очекуваат во текот на денот.