Почит, слава и љубов за Тоше - во Крушево одбележан неговиот 42. роденден

Обожавателите и приврзаниците на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески денеска на Гумење во родното Крушево го одбележаа неговиот 42. роденден. Веќе 16 години се одбележуваат значајните датуми за Тоше без него, но со почит, сеќавање, и радост што го имавме. На неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево посета и почит од институции и негови привзаници од земјава и странство.

Стела Прислан Фејс од Загреб, Хрватска секогаш е во Крушево и на Гумење за посебните датуми за Тоше затоа што смета дека тој имаше само ден на раѓање.

– Пак сме во Крушево, на свој начин со Тоше. Тој останува љубов, музика и вечност. Македонија треба да е горда што го имаше. Неговиот ден на раѓање носи дополнителни емоции, а за нас е вечен. Секоја година доаѓам. Тоа е потреба. Ова ни е втор дом, рече Стела Прислан Фејс.

Во спомен домот „Тодор Проески“ на Гумење, најпосетуваниот музеј на овие простори, со повеќе манифестации беше одбележан денот  на 42. роденден на Тоше. Изложби, 42 маички со мотив што го претставуваат Тоше, големиот музичар, хуманитарец и човекот со големо срце. Централно место имаат експонатите и музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ на кој Андријана Јаневска и Бојан Стојков во придружба на „Џез Сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески, ги изведуваа хитовите на Тоше. Беше отворена изложбата на дела на уметничката Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје, а беа промовирани и делата од 26. керамичка колонија од Велес со мотиви врзани за Тоше Проески.

Лефкија Гажоска, директорка на спомен-куќата „Тодор Проески“, вели дека посебна е приврзаноста со Тоше, со неговата музика и неговото дело.

– Во 11:15 часот во 1981 година се роди Тоше Проески. И настаните, на некој начин, ги врзавме така. Со промоциите на изложбите, а посебен е музичкиот настан „Ангел си ти“. Спомен-домот ги одбележува сите значајни датуми и сѐ што е поврзано со Тоше Проески. Многу ни е мило што заедно со средното училиште „Маца Овчарова“ од Велес, со специјалната паралелка успеавме да испечатиме 42 маички со победничкиот мотив од нивната грнчарска меѓународна работилница, посветена на Тоше. Песната на Тоше „По тебе“ како спомен-куќа ја посветуваме на него, која остави голема трага. По него не е ништо исто, но ние сакаме да ги одбележиме убавите моменти, неговата музика да остане вечно во сеќавањето, рече Гажоска.

Дијана Попанов, дефектолог од Велес рече дека грнчарската меѓународна колонија која опфати 31 училиште годинава беше посветена на Тоше.

– Сета љубов за Тоше е отсликана на керамичките чинии изработени во работилницата, а најдобриот мотив е ставен на 42 маички што се промовираа денес, рече Дијана Попанов.

Атанас Ташкоски, 14-годишен крушевчанец ја освои првата награда и неговиот мотив за Тоше е на маичките што им се нудат на посетителите.

– Кога се пријавив, веднаш нешто ме натера да нацртам со сина боја. За Тоше, големиот музичар и хуманитарец, зашто некои бои го опишуваат повеќе, рече Ташкоски, ученик од Крушево.

Дека Тоше е синоним и за љубов потврдува младата Русинка Наташа Кондрашова. Таа својата љубов ја најаде во сопругот Драган од Крушево.

– Од 2012 година доаѓам од Северна Русија во Крушево за Тоше. И пред три години ја најдов својата љубов во сопругот Драган и станав крушевчанка. Тоше нѐ поврза, со радост вели руската крушевчанка Наташа.

За Тоше Проески се навестува и филм. Животот го загуби во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска на 16 октомври во 2007 година.

реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Ременски за убиената Вања: Таткото прв знаел дека нема да може да се изврши изнудата, Вања била задушена и станала неупотреблив заложник

Read more

Култура

7 декември 1993 година, почина Блаже Конески

Read more

Недела на полски филмови во Кинотека со 5 филма на Сколимовски

Read more

Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно

Read more

Томислав Османли добитник на книжевната награда Донат за животно дело

Read more
 

Вести

Во новиот закон, помилување може да има само ако е донесена правосилна судска пресуда

Читај повеќе
  • play_arrow

Спасовски: Ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Читај повеќе

Градски паркинг-Скопје утре нема да наплаќа за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д

Читај повеќе
  • filter

7 декември 1993 година, почина Блаже Конески

Читај повеќе

Мајката на Вања: Сега ми е најважно да си го заштитам другото дете

Читај повеќе
  • play_arrow

Што потпишаа Путин и саудискиот принц Бин Салман?

Читај повеќе

Ковачки: Возилото со кое е киднапирана Вања 3 дена било на скопските улици, Спасовски да одговори зошто не е детектирано од Сејф сити

Читај повеќе

Кумашинот на Путин ја регистрира „Втора Украина“ во Србија

Читај повеќе

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Читај повеќе