Берлин, 6 ноември 2019 (МИА) – Дводневниот штрајк на германскиот кабински персонал што Lufthansa го најави во текот на вчерашниот ден со откажување 1.300 летови, денеска ќе опфати 700 летови, а утре 600.
Авиокомпанијата посочува дека од штрајкот ќе бидат погодени околу 180 илјади патници.
Германскиот синдикат ги повика пилотите и стјуардесите од компанијата Lufthansa денеска и утре да организираат штрајк, барајќи повисоки плати и подобри работни услови за околу 21.000 персонал.
Lufthansa побара од судот во Франкфурт да изрече забрана за штрајк на кабинскиот персонал, но Судот одлучи дека штрајкот е законски.
Откажани се голем број летови од Германија, меѓу кои и интерконтинентални од Франкфурт и Минхен.
Авиокомпаниите во сопственост на Lufthansa како Swiss, Austrian Airlines, Edelweiss Air и Brussels Airlines нема да бидат погодени од штрајкот.