Почна отстранувањето на првата галија од Вардар

Град Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар, онаа поставена во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“.

Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка.

Увид во активностите за отстранување на овој објект денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

„Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија. Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“. Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот од една страна, но и според студијата на УНДП, зборуваат дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани“, рече градоначалникот Шилегов.

Тој се заблагодари на граѓаните за покажаното трпение, зашто заради правните постапки и процедури се доцнеше со отстранувањето на галијата.

„Одлучив така да работиме, зашто ваквото отстранување на галијата нема да претставува никаква финансиска опасност за Градот, дури и отстранувањето што ќе го вршат 'Улици и патишта' ќе биде на сметка на фирмата корисник“, објасни Шилегов.

Според студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Македонија

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Read more

Колку е моќен македонскиот пасош?

Read more

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе