Почна проектот Цел Центар на точак

Општина Центар распиша Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар за купување нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година.

„Придружи ни се! Качи се на точак за заштита на животната средина и помал метеж во сообраќајот“, порачува Општина Центар.

Јавниот повик веќе е отворен и ќе трае сѐ до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар.

Со Јавниот повик „Цел Центар на точак“, ќе се субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет, започнувајќи од 21 март, потребно е да ги достави следниве документи:

  • барање за субвенција за купување на нов велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно е во Архивата на Општина Центар (барака бр. 6) и на веб-страницата на Општина Центар centar.gov.mk.);
  • копија од лична карта;
  • копија од трансакциска сметка;
  • фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр. 6, од 9:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од 21 март. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more
 

Вести

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе